Опсерваториите прогнозираат жешко лето во регионот – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/22 4:30 PM

Опсерваториите прогнозираат жешко лето во регионот

Раниот топлотен бран кој започна од Шпанија, а потоа се пресели во Франција, Германија и Британија дојде во последните денови од Стариот континент, со температури кои достигнуваат дури 43,2 степени Целзиусови, а притоа собори рекорд стар цел век.
Постепено овие топли маси се движат на исток и на тој начин ја зафаќаат Италија и навлегуваат во Грција, каде жештините се очекува да траат десет дена. Во многу области термометарот ќе покажува 36 и 37 степени Целзиусови, а најтопол ден се чини ќе биде четврток (23.06.2022), кога температурите ќе достигнат до 39, 40, а можеби и до 41 степен.
Според Националната опсерваторија на Атина во летните месеци циркулацијата на воздухот станува побавна. Со други зборови, системите се движат со побавно темпо. Ова предизвикува развој на големи антициклони на копното, а потоа создава она што научниците го нарекуваат „симултани настани од топлотен бран“.
Опсерваториите од регионот прогнозираат дека земјите од Западен Балкан во периодот јули-август-септември 2022 година ќе се соочат со над повеќегодишен просек на температурите (референтниот климатолошки период е јули-август-септември 1981-2010 година). Додека просечната количина на врнежи во периодот јули-август-септември 2022 година ќе биде под повеќегодишниот просек (1981-2010). Со други зборови, се предвидува потопол и посува период во следните три месеци.
Просечната јулска просечна дневна температура на воздухот треба да биде од 1,0 °C до 2,0 °C над повеќегодишниот просек (1981-2010) со појава на топлотни бранови. Август се очекува да биде потопол и посув месец за овој период од годината со појава на топлотни бранови, а исклучок нема да биде септември – се очекува да биде потопол и просечно влажен месец.