Денеска ви подготвивме едноставен рецепт. Домашен пудинг кој ќе ги израдува вашите домашни. Се подготвува многу брзо и ќе ви се допадне необичната комбинација на круша и ѓумбир.
СОСТОЈКИ:
2 круши
50gr. путер
50gr. брашно
50gr. шеќер
1 јајце
1 лажица ѓумбир
1 лажица изрендана кора од портокал
2 лажици сируп од ѓумбир
ПОДГОТОВКА:
Во сад за пудинг поставете хартија за печење, но претходно намачкајте го садот со путер. Хартијата убаво наместете ја во садот. Крушките излупете ги и исецкајте ги на ситни парчиња.
Во еден сад измешајте шеќер, брашно, јајце и путер, се додека не се формира тесто. А потоа додајте го ѓумбирот, изренданата кора од портокал и измешајте со рака.
Во садот за пудинг ставете лажица сируп од ѓумбир, додадете ги крушите и прелијте со тестото. Садот ставете го во микробранова и печете околу 4 минути на најсилна температура.
Кога пудингот малку ќе се излади можете да го декорирате со сируп, шеќер во прав и парчиња круша.