Таеквондистката Милијана Рељиќ се врати од Загреб со бронзен медал – Нов успех на меѓународно ниво – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/22 1:12 PM

Таеквондистката Милијана Рељиќ се врати од Загреб со бронзен медал – Нов успех на меѓународно ниво

Нов меѓународен успех на таеквондистката Милијана Рељиќ, која освои бронзен медал на меѓународниот турнир во Таекводно, 26ти Кроација Г2 Опен во Загреб.
По неколкуте 1/4 финалиња на претходните турнири во Белгија, Шведска, Албанија, Австрија и Бугарија на силните Г2 турнири организирани од Европската Таеквондо Федерација каде се собираат поени за светската и олимписката ранг листа, нашата Милијана Рељиќ конечно стигна и до подиумот. Во конкуренција од 25 натпреварувачки во нејзината категорија сениорки -62кг Мила со две победи над претставничките од Србија и Хрватска, стигна до полуфиналето каде бевме тесно поразени од минатогодишната европска шампионка Бруна Вулетиќ.
На турнирот во Загреб учествуваа натпреварувачи од повеќе од 70 земји, меѓу кои и од Канада, Бразил, Аргентина, Австралија, Јапонија, Мали, Израел и речиси сите европски земји.
Одличната форма на Милијана резултираше со овој огромен успех, имено пред неполн месец на отвореното првенство во Австрија, малку недостигаше, Милијана да ја победеше бронзената од Олимпијадата минатата година од Токио, Ло Чиа Линг од Тајпеј.
Во мај не ѝ беше одобрена британска виза за учество на Европско Сениорско Првенство во Манчестер, Англија, каде се надеваше на нов успех. Милијана е моментално во први 40 на светската таеквондо ранг листа за сениорки -62 кг во конкуренциија на 450 професионални таеквондостки.