Што може да се случи со гумите ако автомобилот предолго остане на сонце? – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/22 6:00 PM

Што може да се случи со гумите ако автомобилот предолго остане на сонце?

Летните горештини може да влијаат на многу работи, а меѓу другото, може да влијаат и нагумите на вашето возило. Најлошата работа која може да се случи е високите температури да предизвикаат пукање на гумите.

Топлината може да има огромно влијание на гумите на автомобилите. Притисокот на воздухот во гумите расте како што растат и температурите. Со растењето на температурите, притисокот во гумите може да порасне до тој степен да предизвика нивно пукање. Дури и ако гумата не пукне, претераното напумпување може да предизвика прерано трошење на гумите, а со тоа да има влијание и на кочењето. Има три работи во игра кога топлината доведува до зголемување на притисокот – топли молекули, триење и самата гума.

Сите материјали се направени од атоми и молекули. Кога молекулите ќе се загреат, почнуваат интензивно да вибрираат, а тие вибрации предизвикуваат ширење. Со оглед на тоа дека во воздухот има молекули, лесно е да се разбере зошто гумите наполнети со воздух се шират на летните горештини.

Додека се возите, гумите се во контакт со асфалтот и тоа создава поприлична количина на триње. Триењето пак, создава топлина, која ги прави гумите уште потопли во текот на летото.

Молекулите на гумите се поврзани во долги ланци (полимери). Кога полимерите вибрираат, тие се собираат, а не се шират. И автомобилските гуми имаат точка на пукање. Замислете едноставен балон – ако вметнете многу воздух во него, тој на крајот ќе пукне. Истото може да се случи и со гумите кога се многу жешки.

Во текот на летото треба да внимавате на неколку работи за да спречите пукање на гумите. Најочигледен знак дека гумите се прегреваат е ако се жешки на допир. Не возете додека гумите не се изладат.

Манометарот за притисок во гумите ќе ви каже дали гумите ви се пренапумпани поради топлината.

Заменете ги истрошените гуми. Ако вашите гуми веќе се истрошени, тие се повеќе склони кон пукање. Размислете за купување „летни гуми“ кои се дизајнирани да бидат посоодветни за високи температури.

Обрнете внимание и на ограничувањата на брзината. Колку побавно одите, толку помалку ќе има триење. Помалку триење значи и помалку топлина.

Обрнете внимание и на тежината на товарот. Колку е потешко вашето возило, толку е поголема веројатноста да ви пукнат гумите.

 

Извор:  rs.n1info.com