Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.
Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.
Најавена е средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Поради официјална посета на премиерката Марин, денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје.