Момче од Македонија се удавило на плажите во Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/22 3:13 PM

Момче од Македонија се удавило на плажите во Црна Гора

Министерството за надворешни работи ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Северна Македонија починало во Црна Гора.

– Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин  (Е.Х. роден 2000 година во Тетово) му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха, се вели во одговорот од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Во тек е обдукција со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

Црногорските медиуми денеска објавија дека младо момче од Северна Македонија се удавило на плажа во Црна Гора.

МИА