За печење палачинки на хрватско приморје плата како на доктор – Оглас за работа ги шокира сите – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/22 12:31 PM

За печење палачинки на хрватско приморје плата како на доктор – Оглас за работа ги шокира сите

Кога ќе дојде лето, младите бараат сезонска работа која може да им обезбеди пари за краток период, а во исто време да бидат на море. Но, не само тоа, со оглед на состојбите и безработицата многумина по парче леб заминуваат на хрваткото приморје, бидејки платите се поголеми.

Работа во кафуле, ресторан или на плажа, најмногу се нудат а платите може да ги надминат очекувањата. За тоа доказ е огласот на работодавач од хрватското приморје.


Огласот за вработување кој се појави на социјалните мрежи изненади многумина. Во групата посветена на работни места „Барам работа/нудам работа – Далмација“, работодавачот од Строжанац понудил неверојатно добри услови за работа.

Барал работник да пече палачинки на брегот, а за тоа понудил плата од дури 10.000 куни или 1.330 евра.

„Барам работник за работа во сезона (печење и продавање палачинки) на плажа Строжанац-Подстрана. Одлични услови, плата 10.000 куни“, стои во огласот на кој е наведен и телефонскиот број.

Луѓето биле шокирани од платата што ја нуди овој работодавец, па дури и ја споредиле со лекарска.