Ноќеска во Струмица полицијата изврши контрола во повеќе угостителски објекти, каде се затекнти малолетници, на кои им е точено алкохол.
-На 18/19.06.2022 во периодот од 21.00 до 05.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив. Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци, информират од МВР.