Музика и смеа со Бени, Весна Бејби и Игор – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/22 10:00 AM

Музика и смеа со Бени, Весна Бејби и Игор

Македонските изведувачи можат да полнат стадиони, а тоа го покажа и синоќешниот концерт во „Станица Карпош“ на кој настапија Бени Шаќири, Весна Бејби Петрушевска и Игор Џамбазов.

Музика и смеа, зачинета со малку дожд и ветер. Но, расположение за добра журка имаше,  не ја спречи публиката да дојде и да ужива.


Журката ја отвори Бени Шаќири со „Пушти коси“ на Зијан, а пееше и дел од хитовите на бендовите од екс ју просторите, но и свои песни.

Настапите на  Весна Бејби траат повеќе од еден час, но, кога излезе на сцената ја насмеа публиката со коментраот „Игор мора да се врати вечер во Дојран“ .


Игор, кој настапи на крај,  уште еднаш нé потсети на неговите стари и нови хитовски, секако надополнетии со интересни приказни од неговиот богат живот.

Фото: Вангел Тануровски