Тања Бошковиќ, една од најголемите актерки на овие простори, си ја отвори душата и ги откри деталите од раскинувањето кои и оставија длабока трага.
Актерката има две деца со поранешниот партнер, режисерот Дејан Караклајиќ, таа вели дека и покрај бројните несреќни љубови и понатаму е секогаш насмеана.
-Имаше еден духовит човек кога го обожавав, кој ме остави, и рече: „Не вреди, мажена си за театар“ – изјавила Тања во една прилика во емисијата „Ексклузив“.
Тања уште тогаш коментираше зошто во јавноста се појавува најмногу во природно издание, а шминката ја користи само за потребите на улогите.
– Се уште одам без шминка, не ми е гајле дали некој ќе ме слика на сред улица, не ми се грижат сите коментари, не сум член на ниту една мрежа и тоа не ме интересира – истакна таа во таа прилика.
Извор: курир.рс