Европската радиодифузна унија (ЕБУ) вчера во своето официјално соопштение објави дека следната година Евровизија, и покрај победата на Украина, ќе се одржи во Велика Британија, како годинешни вицешампини.
Но, оваа одлука на ЕБУ ги разочара украинските власти. Украинскиот министер за култура Александар Ткаченко, рече дека оваа земја ги исполнува сите услови за одржување на следната Евровизија.
I’m convinced Ukraine has all the rights and possibilities to host #Eurovision-2023 in our country. pic.twitter.com/XnJe3JieIj
— Tkachenko Oleksandr (@otkachenkoua) June 17, 2022
„Украина не се согласува со оваа одлука. Немавме можност да разговараме за други опции. Сметаме дека имаме причини зошто треба да ги продолжиме преговорите за да дојдеме до решение кое ќе ги задоволи двете страни“, напиша Ткаченко на својот профил на Твитер.
Тој додаде дека Украина е победник на овогодинешниот Евросонг и дека ги исполнува сите услови за одржување на следниот Евросонг, ги исполнува сите безбедносни стандарди и има неколку сали каде би можело да се одржи натпреварот.
„Одржувањето на Евровизија во 2023 година во Украина би било јасен знак дека светот нè поддржува. Ќе бараме промена на одлуката, бидејќи веруваме дека можеме да ги исполниме сите услови и тоа неколку пати го потенциравме до Европската радиодифузна унија”, напиша тој.
Фото: eurosong.tv