Многу дами со години лудуваат по убавецот на Холивуд, Рајан Гослинг, кој го привлече светското внимание во 2004 година со улогата во романтичниот филм „Бележник“, но неговото ново издание за „Барбе“ ги остави фановите ширум светот во шок.
Тоа го потврдуваат и реакциите на социјалните мрежи во кои се наведува дека креаторите на новиот филм се обиделе Гослин да го направат „што е можно понеатрактивен“.
Посебно го разочараа фотографиите на кои атрактивниот актер е со руса коса и сини очи, се појавува со вештачки исончано тело и тексас елек, со видливи голи гради, со се поитра насмевка во стилот на познатата кукла Кен.
#BARBIE
July 21, 2023
Only in theaters. pic.twitter.com/DAemOyv5H8— Warner Bros. Pictures (@wbpictures) June 15, 2022
Иако многумина се согласија дека Рајан ја играл оваа улога професионално, како и досега, сепак се наведува дека костимографите морале барем малку да се потрудат тој да изгледа помажествено.
Сведоци сме на многу трансформации заради улогите во филмовите, но изгледа дека жените на Рајан тешко можат да му простат.
– О, мои очи. Зошто? Но, сериозно… зошто? Каде можам да потпишам петиција Рајан Гослинг да се врати од филмот „Таа луда љубов“ – напиша еден корисник на Твитер.
First look at Ryan Gosling as Ken in Greta Gerwig’s BARBIE pic.twitter.com/DkzjsA7zfI
— Film Updates (@FilmUpdates) June 15, 2022
Многумина се согласија дека Рајан е убав и дека навистина не се вклопува во овој филмски лик, како и дека ова не му треба. Имаше и коментари дека е премногу стар за да го игра култниот лик од својата 41 година, додека неговата колешка Маргот Роби, која ја игра Барби, има 31 година.
Извор: republika.rs
Фото: irishmirror.ie