(видео) Хрватка родила бебе во унгарско лозје и го оставила – пронајдено е ден потоа, но предоцна – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/22 4:06 PM

(видео) Хрватка родила бебе во унгарско лозје и го оставила – пронајдено е ден потоа, но предоцна

Срцето на малото бебе се’ уште чукало кога го пронашол тимот на унгарската полиција. Помодрено, откако поминало цела ноќ под ведро небо, отпрвин реагирало на интервенцијата и брзо било пренесено со хеликоптер во болница.
-Благодарение на огромната среќа и одлучноста на нашите полициски службеници, навреме беше пронајдено напуштеното бебе, кое досега беше стабилизирано од страна на нашиот колега со медицинска диплома. По укажаната помош, новороденчето со помош на спасувачки хеликоптер било пренесено во болница, но и покрај сите медицински напори подоцна починало, со емотикон од црно срце унгарскиот полициски тим јави за случајот.

Но, пред трагичниот крај на приказната, претходеле серија настани. Како што пишуваат хрватските медиуми, 31 – годишна жена со хрватско државјанство родила дете во унгарско лозје и го оставила таму. Се вратила во Осијек, но со породилни компликации завршила во болница, каде лекарите сфатиле што се случило и ја алармирале полицијата. Ноќта на 16 јуни, хрватската полиција ги известила унгарските колеги дека лекуваат жена во болница во Осијек, која најверојатно се породила во Унгарија претходното попладне, а потоа бебето го оставила таму. Жената првично не соработувала со полицијата. Според унгарската полиција доколку жената порано соработувала, детето би било спасено, пишува Start News .
Случајот со починатото новороденче го истражува и хрватската полиција, но поради чувствителноста на случајот не дава детали.
Од другата страна на границата, во Унгарија, тамошната полиција на својот официјален профил на Фејсбук ја сподели информацијата за спасувачката акција.
– Нашата работа не е само физички, туку често и психички напорна. Особено кога со сета наша борба и решителност на крајот губиме, а бевме толку блиску до спасување на живот. 31-годишна жена со хрватско државјанство, која родила дете во Унгарија и го оставила во лозје и побегнала во Осиек, предоцна се покајала и им раскажала страшна приказна на нашите хрватски колеги – сведочат Унгарците. Откако беше пронајдено, бебето го згрижил полицаец со медицинска квалификација, а потоа со хеликоптер е префрлено во болница.
– Откако му е дадена прва помош во лозјето, новороденчето е стабилизирано и со помош на спасувачки хеликоптер е пренесено во болница, но и покрај сите медицински напори подоцна починало – извести унгарската полиција.

извор: Start news