Градоначалникот Бочварски ја чекаше Северина половина час – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/18 10:26 AM

Градоначалникот Бочварски ја чекаше Северина половина час

Каква ѕвезда би била ако не остави да ја чекаат?! Цели триесет минути доцнше хрватската ѕвезда Северина на закажаниот прием кај градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Службите на нога, а и новинарите и камерманите, кои фаќаа подобар агол да ја снимат средбата. Иако сместена во хотел на три минути пеш до општинската зграда, Северина пристигна со автомобил со скопски регистерски таблички, со половина час задоцнување.

Во својот кабинет, во сабота попладне беше и градоначалникот Бочварски, кој конечно, во 16.30 часот, ја поздрави Северина. Српската снаа во мини во пруги, позираше пред фотографите.

На средбата претходеше мал ициндент, кога новинарот на порталот „Сакам да кажам“ ја начека Сверина при излегувањето од возилото , ја фати за рака и не ја пушташе додека не реагираше нејзиното обезбедување.

Северина, сепак, не ги исполни очекувањата на организаторите. Ја немаше публиката на Цеца, ниту ланската на Лепа Брена. Изостанаа очекуваните гости од соседните градови. Некои коментираа дека само српските турбо фолк ѕведи можат да го наполнат просторот кај Дујле.