Би-Би-Си преговара со ЕБУ да ја преземе организацијата на Евровизија 2023 – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/22 1:09 PM

Би-Би-Си преговара со ЕБУ да ја преземе организацијата на Евровизија 2023

Откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) како организатор на Изборот на песна на Евровизија соопшти дека настанот следната година не може да се одржи во Украина, британскиот сервис Би-Би-Си се понуди „потенцијално да биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година“ во Велика Британија.

ЕБУ направи физибилити студија, а потоа и комплетна проценка и „заклучија дека поради војната, настанот следната година не може да се одржи во земјата победничка, Украина.

Би-Би-Си соопштувајќи ја намерата, потсетува дека Обединетото Кралство, претставено од Сем Рајдер, беше второ на овогодинешниот натпревар.

Украина победи со песната „Стефанија“, на рап групата Калуш Оркестар.