Пронајден мртов дедо во делчевското село Драмче – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/22 11:57 AM

Пронајден мртов дедо во делчевското село Драмче

Пронајдено безживотно тело во атарот на делчевското село Драмче. Според информации од делчевската полиција се работи за 81-годишник со иницијали Б.А, кој бил пронајден од страна на женско лице кое собирало печурки.

-Телото е пронајден од страна на женско лице во шумата кај Новачко Маало во селото Драмче. На местото излегле медицински лица и МВР, кои ја констатирале смртта на починатиот Б.А, се вели во информацијата од полицијата.

Настанот се случил со 6:35 утринава.