Има ли крај? Во април 337 одобренија за градење, нови 752 станови – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/22 10:29 AM

Има ли крај? Во април 337 одобренија за градење, нови 752 станови

Во април годинава се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44,6 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу градежни дозволи, 83, има во Скопскиот регион, по што следат Вардарскиот со 56, во Југоисточниот 45, Полошкиот 44, ….

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 474 500 00 денари, што е за 58,7 проценти повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (59 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (11 проценти) од нискоградба и 101 (30 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 337 објекти, на 199 (59,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138 (40.9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61 866 метри квадратни. Најмногу станови, 248, ќе се градат во Скопје, од кои 180 се во Општина Гази Баба, во Центар 31, во Илинден 13,…Во Полошкиот регион се предвидени 153 станови, во Вардарскиот 142, во Југозападниот 123, ….

МИА