Зошто зејтинот достигнува цена од 150 денари? – Нечесните трговски практики на штета на граѓаните – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/22 9:35 AM

Зошто зејтинот достигнува цена од 150 денари? – Нечесните трговски практики на штета на граѓаните

Затварање на компаниите, јавно објавување, па дури и забрана за дејност во случај на нечесни практики предвидуваат измените на Законот за потрошувачи, што според министерот за економија Крешник Бектеши се подготвува за вторничната седница на Владата. Бектеши во гостувањето во „Утрински брифинг“ рече дека побарал од производителите да достават калкулација како се формираат цените. Утврдил дека во делот на трошоците на литар масло за јадење ако чини 150 денари, 6-7 денари се става за рабат што го плаќаат супермаркетите.

-Затоа со владината одлука рабатот е укинат о не смее да се ставаат такви трошоци. Побарав до понеделник од Пазарниот инспекторат секојдневно да ги контролираат цените не само на тие производи од одлуката, туку и другите дали има злоупотреба , на пример  да се прават маржи над 15 -20 %. Во ваква состојба злоупотреба е правење на маржа над 15-20 %, рече Бектеши.

Во однос на најавените измени на Закон за потрошувачи, Бектеши вели дека се донесува со цел освен со одлука, и со закон да се заштитат потрошувачите. Таму има предвидени казни за нечесни практики во трговијата.

-Нечесно е во кризна состојба да се побара и користи позицијата на пазарот- неколку трговци да седнат и да се договорат за цените и маражите. Според нов закон се наведени таксативно кои се нечесни практики во трговијата. Имаме трговци кои одат со 80% зголемување на цените. Со сегашните санкции, кои се ограничени до 5000 евра, ќе си ја платат казната, но таа казна ќе ја отплатат со работа од 3-4 часа.Ќе има затварање на компаниите, јавно објавување, па дури и забрана за дејност. Ова е закон целосно усогласено со ЕУ законодавство, објасни министерот Бектеши.

Според неговата најава, ако до вторник не се намалат цените согласно одлуката и од производителите  и трговците на големо и мало, може ќе се прошири листата на производи опфатени со одлуката на Владата.