За само две недели полицијата во полошкиот регион има приведено седумдесетина лица кои продавале или користење, претежно марихуана, но и хероин и кокаин. Социјалните работници, велат дека масовна е појавата на уживатели на дрога, посебно кај младата популација.
Масовното користење на дрога во полошко, доведе до тоа луѓето да не бираат и место каде инјектираат дрога. Зависниците дури ги користат и училишните дворови за примање на психотропни супстанци. Доказ за тоа е една фоторгафија, која се појави на социјалните мрежи, а на која јасно се гледа дека две лица примаат дрога. Од полицијата, велат дека го расчистиле случајот. Најавија и други акции за сузбивање на оваа лоша појава.
-За изминативе две недели приведени се 70-те лица на тетовско-гостиварското подрачје поради сомнeвање за инволвираност во продажба или користење, претежно марихуана, но и хероин и кокаин, приведените лица се на возраст од 15 до 46 години. И двете лица кои инјектираа дрога среде бел ден во гостиварско училиште се идентификувани и против ќе бидат поднесени соодветни пријава. И за периодов што следи најавуваме засилени контроли на локации и објекти, за кои имаме сознанија дека претставуваат чести собиралишта на наркокорисници, истакнаа од СВР Тетово.
Како поголем проблем наведуваат социјалните работници е намалување на возрасната граница на наркозависници во полошко, кои пробуваат дрога уште од 12 годишна возраст.
Таа вели дека освен семејствата, и училиштата треба да внимаваат на децата и на нивнотот однесување, кое значително се менува, ако западнат во вакви лоши брановите води на дрогата.