Зеленски се збуни сам, па ги збуни сите -Ги помеша премиерите на Албанија и Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 3:24 PM

Зеленски се збуни сам, па ги збуни сите -Ги помеша премиерите на Албанија и Црна Гора

Председателот Володимир Зеленски ги збуни сите со  објавата на каналот Телеграм. Тој информирајки за посетата на премиерите Рама и Абазовиќ се збуни кој државник од која земја доаѓа.
– Се сретнав со премиерот на Албанија, Дритан Абазовиќ и со премиерот на Црна Гора, Еди Рама – напиша претседателот на Украина.

Оваа објава на Зеленски наиде на потсмев.

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама, пред два дена заедно отпатуваа во Украина. Со нив требало да замине и Димитар Ковачевски, но поради однапред утврден план за работа останал во Македонија, поточно во Охрид.