Фатен шумар од Берово кој „штанцал“ дозволи за сеча на шума – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 2:04 PM

Фатен шумар од Берово кој „штанцал“ дозволи за сеча на шума

Вработен во Шумското стопанство „Малешево“- Берово вчера бил приведен од страна на полицијата на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, откако кај него биле најдени пари и бланко испратници. Полициски службеници од СВР Штип – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово,  вработен како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело „ по член 353 од Кривичниот законик односно поради незаконско издавање на испратници за превоз на дрва.

-По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“ со беровски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени пари, повеќе кочани со испратници издадени од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, бланко испратници, чекан за жигосување на дрвна маса и мобилни телефони, соопшти СВР Штип.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.