Изгласана недоверба на претседавачот на Народното собрание на Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 1:37 PM

Изгласана недоверба на претседавачот на Народното собрание на Бугарија

По петчасовна дебата изгласана е недоверба на Никола Минчев, претседавач со Народното собрание на Бугарија. „Падот“ на Минчев го предизвика вчерашната расправа за Македонија на иницијатива на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Минчев им го одби барањето да ја затвори вчерашното сослушување на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за Македонија. Тие му вратија со гласање на доверба што предизвика губење на неговата функција.

„За“ гласаа 125 пратеници, „против“ 113, еден воздржан.

-Тие луѓе што денеска гласаа против Минчев покажаа дека всушност воопшто не им е гајле за Бугарија. Тие се маркетинг агенции кои ги лажат своите избирачи за да бидат тука, коментираше по седницата премиерот Кирил Петков.

Со ова Бугарија влегува во нова жестока фаза на политичката криза, додека се формираше ново мнозинство на опозициските ГЕРБ, ДПС, Преродба и доскорешниот коалициски партнер Има таков народ.