Македонскиот претседател Стево Пендаровски на прашање на бугарски новинар за внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав, што е еден од условите на Бугарија за кревање на ветото, рече дека ние на Балканот сме „изгорени“. Пред отворањето на Уставот, како што кажа, потребно е да имаме гаранции од Европската унија дека потоа нема да добиеме ново бугарско барање. Пендаровски образложи дека во Македонија има политичка волја за внесување на Бугарите и од власта и од опозицијата, меѓутоа ова е сериозен процес поради што бараме гаранција од ЕУ дека ова ќе биде последното барање од Бугарија по однос на ова.
-Ние бараме на 23 јуни од Советот на ЕУ да добиеме зелено светло да починеме преговори. Сите што живеат тука знаат дека за една недела не може да се промени Уставот. Не постои политички проблем ни кај власта ни кај опозиција за внесување на Бугарите во Уставот. Има политичка волја, но бараме да се земат во предвид техничките и политичките потреби. Технички промената не е можна без три до 3,5 месеци, односно 100 дена. Политичкиот дел е за кој се залагам е дали ако влеземе во уставни промени дали ќе биде тоа ќе биде последното бугарско барање, одговори Пендаровски.
Според него, многу е несериозно ако ние влезе во сериозен потфат со три фази за промена на Уставот, дополнително , на народот мора да му се објасни зошто тоа го правиме, но ако влеземе во сериозен процес на објаснување и некоја следна или иста бугарска влада да каже има уште барања.
-Бараме гаранции од ЕУ дека ќе биде последното барање од Бугарија по однос на ова. Ние на Балканот сме изгорени и само зборови не се доволни, не е лошо да има нешто на хартија, рече Пендаровски.