Северна Македонија ќе биде една од трите важни и тешки теми на Советот на ЕУ лидерите, но не сум во состојба да кажам каков ќе биде исходот – одговори на конкретно новинарско прашање претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел. Тој потврдува, како што рече, дека се работи напорно да се постигнат конкретни резултати и во рамките на Француското претседателство да се откочат ЕУ интеграциите на земјава.
-Наредната недела со Советот има три тешки и важни теми: Прво ќе се разговара за ЕУ апликацијата на Украина, Грузија и Молдавија. Второ за релациите ЕУ – Западен Балкан со цел да го енергизираме процесот со ЗБ. Не за џабе патував во сите земји и донесов одлука да имам состанок со сите лидери пред Самитот за тоа како да се постигнат резултати и да се забрза интеграцијата. И третата тема е за платформата, да се стави веднаш во акција, преку која ќе се разговара за заедничката интеграција, рече Мишел, кој додаде дека лидерите сакаат да го одблокираат процесот со С.Македонија и Албанија, и е многу важно да се одржи темпото и да се остане исклучително активни во тој дел.
Претседателот на Европскиот Совет не сакаше да открие какви заклучоци за готват за Македонија, не може да биде сигурен какви ќе бидат резултати, , но како што рече, „сум сигурен дека ќе направам се’ со колегите да преземам одлучни чекори во иднина“.