Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ многу веројатно да го репризира австралискиот случај со неможноста да учествува на УС Опен, поради тоа што според американскиот закон тој е „невакциниран странец“ и како таков не може да влезе на американска територија.
Ова го потврдува и текстот во „Њујорк тајмс“ според кој, Ѓоковиќ во овој момент нема право да влезе во САД. Третиот рекет на планетата сезонава веќе ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами бидејќи не можеше да пристапи на територијата на САД, а тоа би можело да се повтори на крајот од сезоната.
Според тамошниот закон, Новак е наведен како „невакциниран странец“ и затоа не смее да влезе, што може да биде заобиколено со посебно ослободување. Меѓутоа, Тениската асоцијација на САД (USTA), под чие покровителство е УС Опен, нема да бара изземање од владата за Србинот, објави „NYT“.
„Ќе ги следиме прописите на владата и ЦДС“, рече извршниот директор на USTA, Лу Шер.