ПроКредит предупредува на злоупотреба на името на банката преку злонамерна фишинг кампања – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 8:41 AM

ПроКредит предупредува на злоупотреба на името на банката преку злонамерна фишинг кампања

Преку лажно претставување и маскирање на вистинската адреса од испраќачот во која е злонамерно и лажно употребена адреса од е-пошта на ПроКредит банка  – Македонија вчера се испратени пораки до македонски корисници.

Банката предупреди на фишинг кампања што цели на македонски адреси за е-пошта, во период од 02 до 04 часот (порака без наслов) од адресата mkd.DevizniPrilivi@procredit-group.com.

-Ве информираме дека долунаведената порака воопшто не е испратена од страна на Прокредит Банка Македонија и истата претставува фишинг порака. Електронската порака, доставена на 15.6.2022 година во период од 02 до 04 часот (порака без наслов), доколку  е доставена во Вашето сандаче за е-пошта, Ве повикуваме веднаш да ја избришете и да не отворате додатоци од истата. ПроКредит банка Македонија Ви стои на располагање за дополнителни информации и Ве мотивираме да не контактирате, соопштуваат од ПроКредит банка.

Од банката ги упатуваат оние кои ја добиле наведената порака да информирајте на: mkd.iso@procredit-group.com.

 

Испраќач: маскирана адреса со лажно претставување. Пораката е испратена од јавна IP адреса 67.225.198.162. (GMAIL)

Назив: нема назив (No Subject)

Малициозен додаток: MS Word документ со наслов „International remittance $11,543.66.doc“; големина 14 KB; тип – вграден штетен код од тип Exploit, Downloader, Backdoor.

 

Слика од пораката:

 

Препораки:

За заштита од овој малвер, Miscrosoft има објавено насоки на следниот линк: https://msrc.microsoft.com/update-guide/vulnerability/CVE-2017-11882.

 

Инфо: https://mkd-cirt.mk/ – Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти