Концерт на Лозано во Свети Николе – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/22 7:37 AM

Концерт на Лозано во Свети Николе

По неколкугодишна пауза од настапи во Свети Николе, Влатко Лозаноски Лозано најавува незаборавна вечер со фановите од овој град.

Неговата средба со публиката во Свети Николе е закажана за оваа сабота (18 јуни), со почеток од 21 во „Plan B Caffe“.

Оваа вечер ќе биде уште една можносгт заедно со обожавателите во еден глас ќе ги пеат неговите најголеми хитови, како „Километри“, „Јако, Јако“, „Како тебе нема друга“, „Не те вадам од памет“, меѓу кои, се разбира, на репертоарот ќе се најде и неговата најнова нумера „После полноќ“.

Влатко веќе работи на нови музички проекти, па наскоро публиката ќе има прилика во својата плеј листа да додаде уште една нова песна.