Освојувачот на националниот куп Македонија Ѓорче Петров ќе игра против бугарскиот тим ЦСКА Софија во 2. коло од Конференцииската лига на УЕФА, одлучено е денеска со жрепка во Нион.
Првиот натпревар ќе се игра во Софија на 21 јули, а реваншот е по една седмица во Скопје.
Жрепката во седиштето на УЕФА одлучи во случај тетовска Шкендија да биде поуспешна од ерменски Арарат за противник во 2. коло да ја има екипата на Валмиера од Летонија, додека Академија Пандев за противник ќе ја има австриска Рапид Виена, доколку струмичкиот тим во 1. коло биде поуспешен од Легија Гдањск.
Натпреварите од воведното коло од новата сезона во Конференциската лига се на програмата на 7 и 14 јули.