Тетовскиот грав кој се наводнува со чиста Шарпланинска вода и расте на чиста еколошка земја без никакви хемиски препарати, останува во подрумите, а увезен непроверен грав низ земјава се продава по багателна цена како тетовски, реагираат производителите на грав. Бараат де се контролира или забрани увозот на домашниот пазар, и да не се дозволи да се манипулира со тетовскиот грав.
Во тетовско Теарце викендов се одржа традиционалната деветта по ред манифестација ден на гравот. Мотото на настанот беше со заеднички вредности до Европската Унија. Организаторите велат дека токму поради ваквите проблеми го организираат денот на гравот, со кој сакаат да ја промовираат вредноста на овој тетовски бренд кој ако влеземе ве Европската Унија ќе биде заштитен, како и сите други производи од земјите членки на унијата.
На Манифестацијата се подготви тетовско гравче за 300 лица, за гостите имаше и домашна алва, но и штандови каде се вкусија Македонската Албанската, Турската и Италијанската храна.