Шри Ланка им дава на државните службеници уште еден слободен ден во неделата, со цел да ги поттикне да одгледуваат храна, во период кога земјата се соочува со недостиг, јави Би-би-си.
Земјата има околу еден милион вработени во јавниот сектор.
Шри Ланка, островот каде живеат околу 22 милиони луѓе, се соочува со најлошата економска криза во изминатите 70 години.
Владата го одобри предлогот, работниците во јавниот сектор да го имаат петок за слободен ден, наредните три месеци.
Со оваа одлука, Владата тврди дека сака да им помогне на вработените, кои се соочуваат со потешкотии да дојдат до работното место поради недостиг од гориво, но и да ги охрабри да одгледуваат овошје и зеленчук за да се прехранат себеси и нивните семејства.
Кон крајот на минатиот месец, министерот за земјоделство Махинда Амаравера ги повика земјоделците да одгледуваат повеќе ориз, велејќи дека „јасно е оти ситуацијата со храната станува полоша”.
Во понеделникот, САД информираа дека ќе ѝ пружат помош на земјата.
МИА