Корисниците на социјалните мрежи беа налутени од интервјуто што Амбер Херд го даде за НБЦ.
„Повторно паузи, пак воздишки … Истата глума“, „И тука не и верувам, извини“, „Испаѓа дека лаже секогаш кога ќе отвори уста. Дали навистина требало да добие друга платформа преку која може да ги шири своите лаги? “,” Таа е толку лажливка што е болно да се гледа, “” Колку тажно човечко суштество е таа, “” Дајте ѝ Оскар … “,” Навистина и треба стручна помош “, „Ми се гади од нејзините болни лаги“, „О Боже, нека престане да зборува повеќе“, „Успеа да потоне уште подолу“, се само дел од коментарите на Твитер.
„Ми е мака веќе од неа. Постојано сама на себе си противречи, поминаа нејзините 15 минути слава“, додаваат други и ѝ рекле на Амбер дека „треба да се срами“.
За телевизијата, пак, коментираат дека „не треба да му даваат простор на насилникот“.
„Јас и Џони немавме еднаков третман“
За време на интервјуто претходно снимено минатата недела во Њујорк, кое ќе се емитува во три дела, актерката инсистираше дека „ќе стои зад секој збор од нејзиното сведочење до нејзината смрт“. Таа Деп ја нарече „лажго“ и повторно рекла дека физички ја малтретирал за време на бракот.
„Дури и да сте сигурни дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак не можевте да ми кажете дека Џони и јас имавме еднаков третман на социјалните мрежи“, рекла таа меѓу другото во тоа интервју.
Амбер исто така тврди дека таа не иницирала кавги, туку одговорила на нив.
-Кога живееш во насилство и тоа станува нормално, како што реков при моето сведочење, мора да се приспособиш – рече таа за сопствените постапки.
– Правев и кажав страшни работи, работи за кои треба да жалам во текот на целата моја врска. Се однесував на ужасен, речиси непрепознатлив начин – рекла актерката и истакнала дека се кае за своите постапки.
Извор: Новости.рс