Кој има најдолг пенис во регионот и каде се Македонците со 14 сантиметри во конкуренција на 143 земји? – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/22 10:00 PM

Кој има најдолг пенис во регионот и каде се Македонците со 14 сантиметри во конкуренција на 143 земји?

Ако некогаш сте се запрашале каде живеат мажите со најдолги гениталии, веб-страницата All Size Meter одговори на тоа прашање. Тие објавија интерактивна мапа, на која земјите со најниска просечна должина на пенис се обоени во розово, земјите со повисок просек се виолетови, а најнадарените земји се во сина боја.

Според оваа карта, Македонците се на 63 место од 143 земји во светот со просечна должина од 14 сантиметри. Гордоста на мажите кај нас има просечен обем од 12 сантиметри.

Србите се на 34 место (од 143) во светот по должината на половиот орган со просек од 14,8 сантиметри, додека просечниот обем е 12, 7 см.

Кога станува збор за околните земји, Босна и Херцеговина е на 25. место, со просечна должина на гениталниот орган од 15,3 сантиметри и обем од 12,1 сантиметри.

Според студијата објавена во British Journal of International Urology, просечната должина на пенисот во ерекција е 13,2 сантиметри.

Хрватска е на 35. место – просечната должина е 14,8 сантиметри, а обемот 13 сантиметри, а слична е ситуацијата и во Унгарија со просечна должина од 14,7 и обем од 11,8 сантиметри.

Словенците имаат просечна должина од 14 сантиметри и обем од 11,7 сантиметри, додека Италијанците имаат просечна должина од 12,5 сантиметри со обем од 12,2 сантиметри, што ги става на 121-та позиција. Нашите источни соседи, Бугарите имаат просечна должина од 14,1 см со обем од 11,7 см и се наоѓаат на 57 место.

Инаку, она што изненади многумина е дека на прво место на оваа мапа е Еквадор, чии мажи имаат просечна должина на гениталиите од дури 17 сантиметри и обем од 13,4 сантиметри, што значи дека се за 23,3 отсто повисоки од светски просек. На второ место е Гана (16,8 сантиметри во должина и 12,8 во обем), а на трето е Доминиканската Република (16 сантиметри).

Последното место на листата го зазедоа мажите во Камбоџа, чиј полов орган е во просек долг 10,1 сантиметар и 11,1 сантиметар во обем, што е за 26,8 отсто помалку од светскиот просек.

извор: Mondo.rs./bedbible.com

фото: https://allsizesmatter.com/