Раперот Тајга на „Fusion Festival“ во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/22 2:43 PM

Раперот Тајга на „Fusion Festival“ во Скопје

Главната ѕвезда на „Fusion Festival“, кој ќе се одржи на 22 јуни на стадионот на АРМ во Скопје ќе биде американскиот рапер Тајга (Tyga), кој ќе има ексклузивен еден и полчасовен настап.

На денешната средба со новинарите по повод овогодинешното издание на „Fusion Festival“ каде како headliner ќе настапи глобалната мега звезда TYGA беа изнесени сите детали околу и за фестивалот, со посебен акцент дека конечно во Македонија доаѓа актуелна супер звезда од светски ранг и дека со тоа е остварена желбата на десетици илјади фанови од целиот Балкан и пошироко.

За потребите на фестивалот обезбедена е најдобрата аудио и видео опрема, поддржана со фантастични сценски ефекти.

Покрај главниот headliner TYGA, на фестивалот ќе настапат и најдобрите македонски претставници на Hip Hop и Trap музиката, Irie Scratch, Dj Shorty P и Young Dadi, а фестивалот ќе го затвори со свој dj set одличниот Ampov.

-Огромна е честа и задоволството да се биди на иста  сцена со дефинитивно еден од најголемите и најактуелни светски мегазвезди.  Од почетокот на мојата кариера песните на Tyga се обавезен дел од мојот  сет, како еден од  пионерите на современата Hip Hop  и Trap музика со безброј хитови и награди, рече Irie Scratch

Fusion Festival  ќе се одржи на стадионот на АРМ во Скопје.