Поевтин леб и зејтин до 30 септември – Владата ги ограничи трговските маржи на основните производи – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/22 1:39 PM

Поевтин леб и зејтин до 30 септември – Владата ги ограничи трговските маржи на основните производи

На предлог на Министерството за економија, Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.

„Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел- сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење  (без ладно цедено масло) се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо  и  до 5%  во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500,- макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и  јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10%  во трговијата на мало” кажа министерот Бектеши.