Основните училишта „Ванчо Прке“ и „Гоце Делчев“ од Штип од денеска имаат в.д. директори, откако на досегашните им заврши мандатот.
Во ООУ „Ванчо Прке“ назначен е наставникот по математика во ова училиште, Кокан Радев, додека во ООУ „Гоце Делчев“ историчарот Зоран Митев, исто така, внатрешно решение.
Со тоа речиси се завршија директорските промени во воспитно – образовните институции во Штип. Пред една недела беше назначена Ивана Ангеличкова за директорка во градинката „Вера Циривири Трена“.