Поради болна амбиција за 11 минути го уништи фустанот на Мерлин Монро стар 60 години – Ким Кардашијан критикувана – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/22 9:00 PM

Поради болна амбиција за 11 минути го уништи фустанот на Мерлин Монро стар 60 години – Ким Кардашијан критикувана

Познатата старлета Ким Кардашијан на овогодинешната Мет Гала носеше фустан од славната Мерлин Монро стар 60 години.
За да go облече Ким морала да ослабе 8 килограми, а судејќи по тоа што се случило со фустанот, тоа сепак не било доволно. Веднаш по настанот во јавноста се појавија шпекулации дека Ким не можела целосно да го закопча фустанот, но и покрај тоа не сакала да се откаже од намерата да прошета на црвениот тепих во него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kimkardashian


Бидејќи фустанот кај патентот се развлекол Ким решила да облече бела бунда, која ја носела преку рацете цела вечер, за да не се гледа целосно задниот дел од фустанот.
Се шпекулира и дека во Мерлинка прошетала само 11 минути, а подоцна се пресоблекла во фустан кој бил сошиен по нејзини мерки и кој е верна копија на оној што го носела Мерлин Монро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kimkardashian


– Многу сум разочаран што овој легендарен фустан, стар 60 години, некој го носи во јавност – изјави Мајкл Морган, автор на книгата: “The Girl: Marilyn Monroe, the Seven Year Itch, and the Birth of an Unlikely Feminist” , за Њујоркпост денот по Мет Гала.


По еден месец социјалните мрежи се преплавија со снимки и фотографии од фустанот пред и по носењето на Мет Гала.
Многумина беа шокирани од она што имаа прилика да го видат, а некои не се колебаа да ја критикуваат познатата старлета на која и испратија различни коментари:


„Видела жаба како коњ се кове, па сака и таа“, „ Хорор Ким, засрами се“, „Што се лугето не прават поради болни амбиции“, „Браво, го уништи за 11 минути, толку долго го носеше“…