Комично во не толку смешно време, премиера на „Власт“ на Нушиќ во штипскиот театар – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/22 4:20 PM

Комично во не толку смешно време, премиера на „Власт“ на Нушиќ во штипскиот театар

„Дај му власт на човека за да видиш каков е“… Точно, но не е рецепт за оваа претстава. Дај му власт на човека за да видиш тие околу него какви се е поточниот пристап во ова дело или пак – стапи на власт за да видиш кои и какви ти се пријателите.

Според делото на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески премиерата на „Власт“ ќе се случи утре во 20:00 часот на сцената во Народен театар Штип.

Тематиката е уште актуелна иако станува збор за постаро класично дело од авторот Нушич – толку е свежа што секој гледач би помислил дека авторот вчера ја напишал, изјави на денешната прес конференција режисерот Ризески.

Во претставата играат дванаесетмина актери од штипски театар, меѓу кои Ефтим Трајчов Ѓаурски, Милорад Ангелов, Елена Шорова Дербов и други.

Ангела Пингова