Дејан Мираковски избран за нов ректор на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/22 3:27 PM

Дејан Мираковски избран за нов ректор на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип

По преброените гласови професор д-р Дејан Мираковски има освоено 769,8 поени, што е за повеќе од 200 пред второпласираната проф. д-р Винета Сребренкоска со 543,1 поени, со што е избран за нов ректор на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

На гласањето што се спроведе на сите универзитетски единици во периодот меѓу 12 и 14 часот, останатите кандидати проф. д-р Емилија Јаневиќ Ивановска освои 508,12 поени, проф. д-р Зоран Панов 477,64 поени, проф. д-р Владо Гичев 291,52 поени и проф. д-р Татјана Пачемска 209,41 поени.

Новиот ректор има мандат од три години со можност за еден реизбор.

Професор Дејан Мираковски од 2013 година работи како наставник на Факултетот за природни и технички науки, како и на Машинскиот Факултет и Електротехничкиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. На втор циклус и трет циклус  е ангажиран како наставник на предметите Загадување и заштита на воздухот , Индустриска вентилација, Технички мерки на заштита на студиската програма Инженерство на животна и Инженерство на работна средина при ФПТН-УГД, како и предметите Современи вентилациони системи и Техничка заштита на студиската
програма Подземна експлоатација на ФПТН-УГД. Основач е  и раководител
сум на Лабораторијата Амбикон, која успешно функционира повеќе од 15 години. Професор Мираковски е активен на полето на апликативни истражувања во областа на заштита на
животната средина од индустриско загадување, заштита при работа, управување со
отпадни материјали, индустриска вентилација, управување и техно економски анализи на
проекти во областа на заштита на животната средина и индустриски проекти од областа за
експлоатација на минералните суровини. Носител е на лиценца за изработка на рударски
проекти, експерт за процена на влијанијата врз животната средина, а имам овластувања на
стручно лице за вршење на работите од областа на безбедноста и здравјето при работа,
како и вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.