„Штотуку добив информација дека пратеници од „Има таков народ“ ќе ја напуштат нашата пратеничка група. И ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари и позиции. Ќе се види кој што ќе стане. Не мора да сум гатачка за да знам дека ќе кажат многу лаги и измислици во стилот на Кирил и Асен, само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират својата грижа на совест. Ова го напиша шоуменот и лидер на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов на својот Фејсбук профил.
Според него, сепак, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците.
„Дури и оние кои имаат корист од нив. На крајот на краиштата, можеби за мене моќта не е цел сама по себе, но за другите тоа е очигледно.Треба наутро да се погледнат во огледало. Тоа е животот. Вистината е дека чувствувам срам од целата оваа приказна, но и ми олесна. Затоа што во битка е подобро да имаш пријатели до тебе отколку предавници“, додаде Трифонов.
Партијата на Трифонов најави дека ја напушта владината коалиција, со што ја внесува Бугарија во политичка криза. Министрите со оставки најавија дека ја напуштаат функцијата. Трифонов изјави дека проблемот настанал околу темата Македонија.