„Меморија“ положи матура со чиста петка, и повторно, како и во 2017 година најави дека ова е последен концерт.
Но, иако тогаш беа децидни, сепак, не си го одржаа зборот, па вчера вечерта во А1 арена- „Борис Трајковски“ беше вистинска уживанција да се слушне безвременска македонска музика, да се ужива со сите сетила и да се бара уште и уште.
Матуранти од сите генерации не престанаа да пеат на „Зошто Боже“, „Возови“, „Оган под ѕвездите“, „Моите слики“ или, пак, „Дирлада“. Секако тука беа и песните од нивните гости „Некст тајм“, „Ласт експедишн“, споменот кон Аки Ракимовски со безвременската „Македонија“, која го предизвика Камиказа, басистот и основач на бендот, да ја повика публиката заедно да извикаат: Македонија, Македонија“.
Перо во негов стил рече: „Да цркне оној што рече дека сме Северна Бугарија“ и доби силен аплауз, секако алудирајки на албанскиот премиер Еди Рама, кој на германскиот канцелар Олаф Шолц, шеговито му го претставуви Димитар Ковачевски како премиер на идната Западна Бугарија.
Пред концерот како специјален гостин беше најавуван и Сеат Јакупи од „Конкорд“, кој за ѓал од здравствени причини не дојде, но во неговата за да се отпее хитот „Високи штикли“ на сцената се појави Венко Серафимовски.
Поце, Ристо, Перо, Цале, Тино, Бане и Давор навистина ни приредија спектакуларно доживување со македонска музика. Затоа, публиката од полната сала која ги поддржуваше од почеток до крај не сака да верува дека овој пат најавата за последен концерт е вистина, напротив полни со позитивна енергија си заминуваа со надеж дека сигурно дека ќе се соберат пак. И треба…
Не може да се заврши пишувањето на концертот а да не се споменат две важни работи.
Едната е дека вокалот на „Меморија“ Поце Икономови, само ден пред концертот излезе од болница.
Поце морал да се оперира од проблемите кое му ги предизвикало слепото црево, па се уште со конци најпрофесионално си ја заврши работата до крај.
Втората работа, која уште е актуелна е состојбата ос Ламбе Алабакоски, кој беше највуван како нивен гостин, и кој беше присутен на последната прес конференција. Но, заради познатите случувања Ламбе не можеше да биде дел од одовј голем музички настан
Сепак, ова не помина незабележано од публиката па во еден момент почнаа да го скандираат неговото име во знак на поддршка.
Фото: Вангел Тануровски
Погледнете дел од атмосферата: