Седум пратеници ја напуштаат партијата на Слави Трифонов, може ли Петков да ја спаси Владата? – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/22 1:45 PM

Седум пратеници ја напуштаат партијата на Слави Трифонов, може ли Петков да ја спаси Владата?

Седум пратеници ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ”, објави „24 часа”. Тие ќе ја напуштат групата, иако се уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промената”, а се уште чекаат понуди за партнерство.

Веќе оваа недела, новите независни пратеници можеби ќе треба да бидат вклучени во клучното гласање.

Седуммината ги организира министерот за спорт во оставка на ИТН, Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.

Вечерва треба да стане јасна конечната бројка на тие пратеници. Лидерот на ИТН Слави Трифонов за вечерва ги повика пратениците на консултации, јавија бугарските медиуми.

Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесоа оставки.

Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ” да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.

МИА