Заработи 16 милиони долари и играше со Леброн Џејмс, а сега живее во картонска кутија – Тажна приказна за НБА-ѕвездата Делонте Вест – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/22 7:00 PM

Заработи 16 милиони долари и играше со Леброн Џејмс, а сега живее во картонска кутија – Тажна приказна за НБА-ѕвездата Делонте Вест

Во кариерата заработи повеќе од 16 милиони долари, играше со Леброн Џејмс и беше дел од најсилната кошаркарска лига во светот, но Делонте Вест (38) пред една година падна на најниските гранки на животот.

Дрогата, биполарното растројство и големите долгови го доведоа на дното. Станал бездомник, просел на улица, а сите останале шокирани од болното видео на кое непознат маж го „убил“ од ќотек. Несреќниот кошаркар само лежи на улицата.

Целата негова животна приказна погоди многу од неговите поранешни соиграчи кои се активираа со желба да му помогнат. Но, Вест одби. Се додека сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан (62) не ги презеде работите во свои раце.

Заминал на рехабилитација од дрога, им помагал на другите, а потоа се вработил во Центарот за терапија „Ребаунд“, каде што бил и самиот. Кубан го отстрани од улицата, го стави на нозе и повторно го спои со мајка му. Изгледаше дека деновите пред поранешниот кошаркар конечно беа подобри, но за жал, сето тоа беше краткотрајно.

„Вашингтон пост“ пред половина година напиша дека Вест повторно се препушта на пороци. Имено, полицијата на Флорида го уапсила кога пијан тропал на вратата и викал на улица. Најлошо од сè, тој сам си „наредил“ апсење бидејќи тоа била вратата од полициската станица. Тој, исто така, даваше отпор при апсењето и мрмореше додека полицајците се обидуваа да разговараат со него. Во раката имал шише пиво и вотка, а откако се отрезнил го пуштиле.

Но, тој продолжи како порано. На социјалните мрежи повторно кружат фотографии од него како проси по улиците на Вирџинија. Во стара облека, со картон во рака, шета по улиците. Нејасно е дали моли за пари или молел за превоз. Пред неколку месеци сакал да се испроба во Биг 3 лигата во која настапуваат поранешни НБА играчи. За негова жал, никој не го избра. Тоа како да го дотолчи. Изгледа досадно и дотраено. Непрепознатлив.

Делонте се приклучи на НБА во 2004 година. Три години во Селтикс, една во Сиетл Суперсоникс пред франшизата да се пресели во Оклахома и да стане ОКЦ Тандер.

Најголемата интрига има врска со периодот од 2008-2010 година кога настапуваше за Кливленд Кавс. Соиграч: „Крал“, Леброн Џејмс. И љубовница: Глорија Џејмс, мајката на Леброн.

Во 2010 година Леброн одигра очајно полуфинале на Истокот. Последните три натпревари од серијата, шут 34%. И во Кливленд, потоа во Охајо, а потоа и низ цела Америка, започна приказната, никогаш не демантирана, дека Леброн ги нашол Делонте и неговата мајка во кревет. Играше и во Далас, кој беше неговиот последен НБА клуб.

Вест не беше „ангел“, повеќе или помалку, никогаш. Селтикси го вратија за една сезона и плата од милион долари. Го фатија како вози низ градот со едниот пиштол завиен во појасот, другиот во чорап и „ловечка пушка“ во кутија за гитара на совозачкото седиште!

Финансиски пропадна додека се уште беше во НБА:

– Тужби, адвокати, поранешна сопруга… Продадов се освен кошулата на грбот и панталоните на задникот. Работам во продавница за мебел – изјави Делонте.

Но, кога се мешаат алкохолот и дрогата, не може да се одржи нормална работа и падот беше стрмен, незапирлив.

Тој е дете на Афроамериканец и белец, тврди дека има и индиски корени, а тврдеше и дека нема биполарно растројство, но стресниот живот на кошаркарите на НБА го фрлил во депресија од која тој не се опорави. И кога беше снимен како проси, рече дека не е бездомник, туку моли за пријател, квадриплегичар.

Марк Кубан му помогна. Го крена на нозе, му даде максимална поддршка и љубов, се без што беше последниве години и се што го натера да падне на дното.Но, се чини дека Вест се врати на погрешниот пат.

извор: 24sata.hr

фото: Marca.com/youtube