(Видео) Дуа Липа фатена во љубовен триаголник по раскинувањето поради несудената свекрва – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/22 9:00 PM

(Видео) Дуа Липа фатена во љубовен триаголник по раскинувањето поради несудената свекрва

Британската пејачка Дуа Липа, откако беше снимена како го гризе шпанскиот актер Арон Пајпер во ноќен клуб во Мадрид, поттикна гласини дека има ново момче, но само еден ден подоцна откако друга пејачка сними видео на кое тој страсно се бакнува со актерот.

Дали се работи само за маркетиншки трик или за отворена врска, беа главните прашања на јавноста деновиве откако Дуа Липа беше видена со мистериозен маж во Италија на одмор. Сепак, дали е тоа Арон, ѕвездата на хит серијата „Елита“, се уште е непознато за јавноста.

И додека многу фанови беа пресреќни кога видоа сомнителни видеа од клубот во кои Дуа и Арон се многу блиски, многумина останаа разочарани по објавата на британската пејачка Талија Дебрет Барнет, позната во јавноста како FKA Twigs.

Интересно е што тројцата неодамна ги прекинаа долгогодишните врски со партнерите.

Поп ѕвездата е на слобода од крајот на минатата година, а двегодишната врска со Анвар Хадид, братот на познатите сестри Бела и Џиџи Хадид, ја раскина по две години врска.

Многумина се сигурни дека раскинувањето го предизвикала мајката на Анвар, Јоланда, која веќе се справува со проблеми во семејството и односите на нејзините деца, бидејќи минатата година и таа беше виновна за раскинувањето на Џиџи Хадид и Зејна Малик.

Арон Пајпер, кој е најпознат по улогата во серијата „Elite“ на Нетфикс, долго време беше во тајна врска со манекенката Џесика Гоикоче. Иако ништо не се знае за нивното раскинување, а парот многу ретко објавуваше заеднички фотографии, се претпоставува дека Арон продолжил понатаму.

На јавноста се уште не и е јасно зошто актерот на спотот се бакнува со пејачката ФКА Твигс, а претходната вечер ја галеше и бакнува поп ѕвездата Дуа Липа со бакнежи во врат.

FKA Twigs зад себе има богата листа на познати момци, а иако до неодамна се шпекулираше дека таа е во врска, приказните не се потврдени. Британската пејачка беше во врска со познатиот актер Роберт Патисон од 2014 година, а во 2015 година парот се сврши. Во 2017 година ја прекинаа врската.

извор: https://wanted.mondo.rs/

извор: https://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/

фото: https://www.lanacion.com.py/