Викенд медиа фестивалот влегува во завршна фаза со многу дискусии и забава – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/18 3:05 PM

Викенд медиа фестивалот влегува во завршна фаза со многу дискусии и забава

Пренесете и’ на публиката приказна за да создадете емоционална поврзаност, а не за да го истуркате својот  производ – ова им беше порачано вчеравечер на медиумските работници кои присуствуваа на предавањето „Tell me a story“ во рамките на Викенд медиа фестивалот. Преку практични примери, ним им беше објаснето дека само на овој начин ќе го привлечат вниманието на луѓето, покажувајќи ја вистинската вредност на еден бренд. Ваквото предавање кое се одржа вчеравечер е едно од највпечатливите меѓу низата панел дискусии и предавања во чиј знак поминува и годинашното издание на Викенд медиа фестивалот во Ровињ.

Најзначаниот собир на претставниците од медиумската и маркетиншката индустрија полека, но сигурно е веќе во својата завршна фаза, при тоа нудејќи им на посетителите многу можности за осознавање и доживување на новитетите кои ги нудат двете индустрии.

Својот единаесетти роденден, Викенд медиа фестивалот го одбележува во знакот на мноштвото панелни дискусии и предавања, кои создаваат „потешкотија“ за сумирање, бидејќи секој настан на свој начин го привлекува вниманието на публиката. Особено атрактивен беше говорот на селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ.

„Репрезентацијата беше мој сон. Фудбалот е најважната споредна работа во светот, а она што за мене е исклучително многу важно е да останам ист и да продолжам да го пијам своето кафе со оние со кои и претходно сум го пиел“, истакна Далиќ со кој многумина изразија желба да се фотографираат.

Метежот на актуелната медиумска атракција во Ровињ продолжи и денеска, имајќи ги предвид и новитетите како караоке забавата и стенд ап комедијата, кои придонесоа и годинава да не изостане позитивната енергија.