(видео) Што напишал Петков во планот за кревањето на ветото? – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/22 4:21 PM

(видео) Што напишал Петков во планот за кревањето на ветото?

Пет основни услови и нацртана временска рамка по кревање на ветото содржи наводното ливче напишано со ракописот на бугарскиот премиер Кирил Петков, додека патувал во возот за Киев. Ливчето пред камерата на бТВ го прикажа пратеникот на ИТН, Станислав Балабанов.

На ливчето е напишано:

1.Територијални претензии

2.Отворање на архивите

3.Претензии за малцинство

4.Историја

5.Табели на споменици и во продолжение имињата на Цар, Кирил и Методи, Климент, Наум. Подолу на ливчето има временска рамка, што е најспорниот дел за пратеникот Балабанов, кој толкува дека Петков со оваа рамка предвидувал прво кревање на ветото, па потоа исполнување на договорот.

-Така изгледа Бугарија, која ќе беше продадена, ако не реагиравме вчера. Јас сум готов за застанам зад тоа. Во Бугарија има добри графолози, кои можат да го докажат дека е ракопис на Петков. Ова е напишано во возот за Украина, кажа за емисијата Лице в Лице, пратеникот на ИТН, Станислав Балабанов.