ЕУ наскоро ќе ги забрани автомобилите со бензински и дизел мотори – Европратениците го усвоија предлог законот – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/22 2:05 PM

ЕУ наскоро ќе ги забрани автомобилите со бензински и дизел мотори – Европратениците го усвоија предлог законот

Европратениците гласаа за забрана на продажба на нови автомобили со бензински и дизел мотори од 2035 година. Иако новиот закон се уште не е целосно усвоен, се очекува на тој начин да се забрза транзицијата кон електрични возила на територијата на Европската унија.

Наводно, европратениците ја поддржаа иницијативата за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 отсто до 2030 година, во споредба со емисиите од 1990 година. Тоа значи намалување на емисијата на овие гасови од индустријата, енергетиката и транспортниот сектор.

Европската комисија претходно побара 100 отсто намалување на емисиите на CO2 (јаглерод диоксид) од новите автомобили до 2035 година. Тоа би ја оневозможило продажбата на возила што користат фосилни горива, а во меѓувреме беа отфрлени предлозите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 90 отсто по 2035 година.

Законот се уште не е испочитуван и не е конечен. Со гласањето само се потврди ставот на мнозинството од парламентот за претстојните преговори со членките на Европската унија за конечниот закон.

извор: Mondo.rs