Се’ може да се очекува на настан во живо, особено кога во јавноста излегуваат политичарите кои се на позиција да одлучуваат и со тоа да влијаат врз животот на граѓаните. Од упад на прес конференции па се до тоа мачка да заспие на нозете на политичарот. Тоа му се случи денеска на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ додека даваше изјава при посетата на Државната единица за интервенции против пожари во Дивуље, мачка спокојно дојде до неговите нозе и си легна. Изјавите продолжија, додека мачката спокојно спиеше.
Во еден од бројните коментари под новинарските објави имаше и еден ваков:
„Велат дека мачките имаат природна дарба да почувствуваат кога на некој му треба помош и се фокусираат на одреден дел од телото, пренесувајќи му ја енергијата. Можеби оваа (мачка) почувствувала дека тлото под неговите нозе, не му е доволно цврсто“, напиша читателка во коментарот.