Стојанче Ангелов изврши увид на опасна дупка на средината на мостот кон Драчево – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/22 1:08 PM

Стојанче Ангелов изврши увид на опасна дупка на средината на мостот кон Драчево

Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи (ЦУК) стигна пријава дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост, соопшти ЦУК.

– Од страна на ЦУК веднаш се известени Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, наведуваат од ЦУК.

ЦУК апелира до надлежните институции итно да преземат соодветни мерки и дејства со кои ќе го обезбедат овој мост и ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните.

– ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства, се вели во соопштението.

извор и фото: МИА/ЦУК