(видео) Драма во казино: Го тепале и му изнудиле 50.000 евра, а му го одзеле и Поршето – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/22 11:47 AM

(видео) Драма во казино: Го тепале и му изнудиле 50.000 евра, а му го одзеле и Поршето

Претреси, апсења, а распишана е и потерница од страна на МВР, откако бил пријавен случај на изнуда со скопско Батинци.

Според соопштението на МВР, на 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци.

-Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи.


По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од  домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило, соопшти МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.