Австралиската раперка Иги Азалеа го прослави својот 32 роденден, а по тој повод облече фустан каков што ретко кој го има.
„Модните оптички илузии“ се чини дека се апсолутен тренд, бидејќи пред неколку дена имавме можност да видиме костими за капење на Кајли Џенер, во кои би изгледале гола.
Иги овој пат не можеше да одолее на фустанот кој го дизајнираше Серџо Кастано Пена. Чини 450 евра, премногу е тесен, го оцртува секој дел од телото, а уште поинтересно е што изгледа како се да се гледа.
Тоа всушност е оптичка илузија, а овој фустан неодамна го облече поранешната ѕвезда на Дизни, Бела Торн.
Покрај честитките за роденденот, раперката доби и коментари за фустанот.
„Не ме сфаќај погрешно, убава си, но облеката не остава ништо на имагинацијата“, „Каква шега“, „Ова го нема ни во филмовите за возрасни“, „Изгледа вулгарно“, „Ама ајде, никогаш не би го носела ова“, се само дел од коментарите.
Искрено, се чувствував лошо утрово на мојот роденден. Имам 32 години, толку многу сакам што сум возрасна жена“, напишала Иги.
фото: Инстаграм